2013 година на кометите? (Видео)


Голем дел од античките култури немале интернет и телевизија и кометите ги имале сватено како предвидувања за животот на земјата, како богови кои што би можеле да влеат страв или пак среќа кај народите.Денеска според НАСА влијанието на кометите врз цивилизациите не е ограничено само преку митовите и легендите.
Во Швајцарија Халеевата комета ја доживувале како причина за појава на земјотресите, болестите, црвениот дожд и за раѓања на двоглави животни.

Во периодот на римската империја се верувало дека истата го назначила убиството на Јулиј Цезар, додека во Англија била предзнак за појава на црната смрт.

Папата Каликтус III, кој и покрај тоа бил исклучен од црквата, Халеевата комета ја прогласил како инструмент на ѓаволот, додека метеорот од кометата претставувал еден од најпочитуваните предмети на исламот.

Што се однесува до 2013 година,астрономите открија две комети кои што и се приближуваат на нашата планета. Едната од нив е доволно светла и ќе може да се забележи и во текот на денот, додека другата која претставува една од најсветлите во историјата веројатно ќе ја засени и месечината.
Првата C/2011 L4 (PANSTARRS) се очекува да се забележи во март 2013 година.
Рихард Ваинскоат е човекот кој прв ја откри кометата. Астрономот од Универзитетот на Хаваи вели дека не постои опасност од каков било судир, но во овој момент не може да се утврди нејзината орбита.
Втората комета најблску до Сонцето се очекува да прелета на 28 ноемви 2013 година, кога се очекува да биде најзабележителна.
И двете комети придонесуваат интрига за „космички заговор“.

Засега и светските медиуми не се искрени во своето обелоденување на вистината, со цел да не предизвикаат паника, а кон нив се приклучува и институтот НАСА кои сепак дадоа предупредувања на своите вработени да бидат подготвени за преживување на сосотјбите кои треба да го придонесат за крајот на светот.

Додуша тоа го најавија во 2011 како вежба. еве го повикот

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1