Извештај за атомска војна уште во древна Индија?


Во јавноста проструи Клинесто писмо со космички бродови, чудесни оружја од праисторијата и неверојатен опис на ужасна војна. Дали се точни сведоштвата од индискиот еп „Махабхарата?

Се поставуваат прашањата зошто голем дел од развиените престолнини, како Хетитските, се всушност во голема мера, стопени, наместо истите да бидат изгорени. Зошто на гранитните ѕидови на ирските тврдини Дундалик и Екос постојат траги од необично силно топење?!

Интересни фрагменти, „Библијата“, „Куранот“, и голем број на други светски книги низ годините го збунија научниот свет и истражувањата од древното минато. Кога на ова ќе се додаде и новото археолошко откритие, карта која што била пронајдена во Индија, а на која се гледаат битките со развиена технологија, целокупната слика добива уште повеќе неразбирлива боја и димензија.

Дали нашата планета била домаќин на гости од вселената?

„Претпоставка дека нашата Земја била посетена од страна на непознати разумни суштества, е сосема логична и воопшто не се коси со начелата на природата“, вели Ернст Фон Куон.

Всушност големите битки и не се воделе само со ножеви и мечеви, туку постоеле многу пософистицирани оружја, а доказ за тоа се пронајдените скелети од поодмнешни времиња во Индија, кои што имале голема радиоактивност, па дури и 10 пати поголема од нормалната.

Освен  „Махабхарата,, голем интерес предизвикале и пронајдените 716 округли плочки испишани со непознато клинесто писмо. Професорот Tsum Um Nui, од Академијата за праисторија во Пекинг ги дешифрирал во 1962 година дел од записите. Резултатот го објавил во студија под наслов ,, клинасто писмо за вселенски бродови,,

Овој признат научник тврди дека на плочките пишувало. ,, ….. слетавме од небото со нашите летала, нашите мажи жени и деца се криеа 10 дена во пештерите. Кога мештаните конечно ги сватија нашите знаци разбраа дека имаме мирољубиви намери,,

Мистериозен е и еден метален појас од гробницата на кинескиот генерал Чоу-Чуа(265. – 316. пне). Со детална анализа утврдено е дека појасот е направен од 10 насто бакар, 5 насто манган и 85 насто алуминиум???? Како што е познато во светото алуминиумот прв со помош на хемиска метода го добил научникот Ерстед во 1825.

Дали ова значи дека електролизата била позната во стара Кина уште пред 17 векови или постои некои друг начин за добивање на алуминиум кои и е непознат на современата наука.

Сепак најмногу ги збуни научниците еден стар ракопис од древна кина. Според овој ракопис царот Чин-ШиI(259. – 210. пне) имал ,,необично огледало,, кое можело да ги осветли коските и внатрешните органи на човековото тело. Икс зраци во древна Кина??? Токму така излегува бидејќи има запис дека ова огледало користело за медицински цели.

Големи откритија даваат простор за размислување дека всушност нашите предци и не биле толку примитивни колку што всушност ние имаме претстава за нив и учиме за истите.

Ученици од разни краеви, палеонтолози, егзобиолози, па дури и најпознати конструктори на космички бродови, веќе со децении го проучуваат „Махабхарата“, најголемиот херојски еп на Индија, обидувајќи се да проникнат во неговите тајни пораки.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1