,, Јас сум свесен какава пресуда си потпишав со тоа што дозволив Мишковиќ да биде уапсен иако стискаа од сите страни. Не е важно кога ќе биде егзекуцијата дали вечерва, за 1 година, 2 или 10, сеедно е, јас сум свесен,,
Вицепремиерот на Србија Александар Вучиќ доби дирекни закани утринава од магнатот Мишковиќ кој му порачал дека нема да го дочека вечерашното гостување во емисија во РТС. Дека закани имало потврдил и директорот на полицијата. Нивото на безбедност на потпретседателот е подигнато на највисоко ниво.
,, тешко го трпам и ова обезбедување, и тоа не ме интересира, многу е поважно да се испрати порака дека во Србија нема недопирливи луѓе. Иако имав протисоци од многу страни и од бизнис и од политичка елита да го сопрам апсењето на Мишковиќ, јас одлучив да ги оставам обвинителите да си ја вршат докрај работата, свесен сум дека многумина го величат ликот и делото на Мишковиќ и дека некои топрва ќе си го покажат лицето и свесен сум за ризикот, но државата мораже еднаш да покаже дека не може одредени тајкуни да средуваат апсење на луѓе кои им пречат и да прават што сакаат, а притоа да извршуваат и кривични дела,, рече Вучиќ, пренесува српски Курир.
Мишковиќ е осомничен за случајот ,,Нибенс група,, поради малверзации цо приватизација на претпријатијата за патишта. А во истрага се уште 24 предмети, според обвинителството доказите во овој случај се многу силни.
На сопственикот на Делта и неговиот син кои беа уапсени утринава, им е утврдено решение за задржување до 48 часа.
Се сомничат за злоупотреба на службената дејност и незаконско прибирање на имот во вредност од преку 30 милиони евра. Упсени и во притвор се уште осум лица, меѓу кои бил и Мило Џурашковиќ.
Мирослав Мишковиќ сопственикот на Delta holding, Марко мишковиќ сопственик на фирмата Mera investment fund и Мило Џурашковиќ сопственик на Nubes групата, Ser и PTP Ниш, се сомничат за криминал при приватизациите на компаниите.
Полицијата го приведе и поранешниот директор на PZP Ниш, Милутин Гашевиќ и Зоран Михајловиќ, директорот на „Ser Рисо Ристиќ, претседателот на одборот на акционери PZP Ниш Дејан Јевитиќ, акционерот на PZP Ниш Зоран Каитовиќ, директорот на Delta broker Предраг Филипивиќ и проценителот на Konzita Рашо Здравка.