Угледен доктор кој беше одбран да ја следи и породи бремената војвотка Кејт Миделтон, кога за тоа ќе дојде време доживеал трагедија во својот живот.
Dr. Alan Farthing, бил верен со популарна ТВ водителка и уредник на вести, Jill Dando која била убиена среде бел ден на прагот од нејзиниот дом во Лондон, пред 13 години, а главниот осомничен во тоа време бил токму докторот на Кејт.
37 годишната водителка во Април 1999 била убиена од како што тогаш изјави полицијата ,,професионалец,, и се сомневаа дека се работело за нарачано убиство. Дури бил испрашуван и лекарот. Тој бил ослободен бидејќи имал цврсто алиби, но поради фактот што убиството никогаш не било расчистено останало да му виси над глава дека тој стои зад нарачката. 47 годишниот Farthing, стана гинеколог на кралицата Елизабета во 2008.
Вилијам и Кејт знаеле за овој случај и според човек близок на парот тое сочуствувале со него и разбираат колку му било тешко да е во таа ситуација, пренесува Enquirer.
Jill била убиена само 5 месеци пред нивната свадба, а лекарот изјавил дека се уште има кошмари околу тоа.
Иако во 2001 скитникот Barry George беше обвинет за убиството, судот по 8 години ја усвои неговата жалба и го ослободи од обвиненеието и тој беше пуштен од затвор. Со тоа убиството на новинарката останува се уште мистерија.