Пиштол голи протестираа на снег против политичарите (Видео)


Неколку активистки на украинското движење „Фемен“ протестираа со разголени гради во Киев поради корумпираноста на пратениците во украинскиот Парламент, чија прва седница во новиот состав беше обележана од голем скандал.
Четири млади жени од организацијата ја прескокнаа оградата на Врховната рада по што се разголеа и протестираа на студот по бикини и црни чорапи на главниот влез од Парламентот. Тие веднаш беа спречени и однесени од обезбедувањето. Активистките, кои често се служат со овие форми на протест, изјавија дека протестираат поради корумпираноста на пратениците.

Подоцна во Парламентот изби скандал меѓу пратениците од опозицијата, кои обвинија двајца свои колеги дека преминале во редовите на власта. Неколку парламентарци од опозициското движење „Свобода“ ги избркаа двајцата „предавници“, татко и син, од Собранието, не дозволувајќи им да положат пратеничка заклетва.
Подоцна денеска новиот украински Парламент ќе гласа за добивањето нов мандат на премиерот Микола Азаров, близок соработник на претседателот Виктор Јанукович, кој на почетокот на овој месец поднесе оставка заедно со својот кабинет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1