Видео: Што најмногу се гуглало 2012 – Не се секирајте не се содржини за над 18 год


На најголемиот интернет претражувач се извршени 1,2 трилиони претраги на 146 јазици, а на самиот врв се Витни Хјустон, ураганот Сенди и Ајпод 3.Гугл го објави својот „Zeitgeist“ за 2012 година, која ја содржи листата на најбарани поими, вести и луѓе за оваа година.
Витни Хјустон е на самиот врв на лситата на трендови. Веднаш зад неа се најде снимката со најмногу прегледи во историјата на Јутјуб и моќниот ураган Сенди, кој на крајот на октомври го разби источниот брег на САД.

Веднаш за Сенди се најдоа два производи од ИТ индустријата, премиерата на Ајпод тројката и излегувањето на новата верзија на комјутерската игра Диабло III, на која обожавателите чекаа 12 години (го собори рекордот откако за првите 24 часа беа продадени 3,5 милиони примероци).

Во првите десет се и Кејт Мидлтон, Олимписките игри одржани летово во Лондон, 15 годишната Канаѓанка Аманда Тод, која изврши самоубиство поради злоставувањето преку интернет, глумецот Мајкл Клрк Данкан кој почина есента, и SOPA, спорниот предложен американски закон за борба против онлајн пиратеријата.

Топ 10 Пребарување:

1. Витни Хјустон
2. „Gangnam stajl“
3. Ураганот Сенди
4. iPad 3
5. Diablo 3
6. Кејт Мидлтон
7. Лондон Олимписките игри
8. Аманда Тод
9. Мајкл Кларк Данкан
10. BBB12

ТОП 10 НАСТАНИ:

1. Прво ураганот Сенди
2. Папараци фотографиите од голата Кејт Мидлтон
3. Лондон Олимписките игри
4. Дебата за SOPA
5. Коста Конкордија италијанскиот брод што потона
6. Претседателската дебата во САД
7. Скокот на Феликс Баумгартнер
8. Скандалот во Пентагон
9. Убиството на Трејвон Мартин
10. Пуси рајот

Топ 10 славни личности:

1. Витни Хјустон
2. Кејт Мидлтон
3. Аманда Тод
4. Мајкл Кларк Данкан
5. One direction
6. Феликс Баумгартнер
7. Џереми Лин
8. Морган Фримен
9. Џозеф Koни
10 Дон Самер

Топ 10 уреди:

1. iPad 3
2. Samsung Галакси S3
3. iPad мини
4. Nexus 7
5. Galaxy Note 2
6. Play Station
7. iPad 4
8. Microsoft Surface
9. Kindle Fire
10. Nokia Lumia 920

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1