ФБИ преку Фејсбук уапси група хакери – еден е од Македонија


ФБИ успеа да разбие интернационална криминална хакерска група со помош на Фејсбук. Осомничените наводно успеале да вирусаат 11 милиони компјутери во целиот свет, со софтвер кој ги олеснил жртвите за неверојатни 850 мииони долари.


Безбедносниот тим на Фејсбук бил во постојана соработка со американските власти во откривањето на наводниот извор на напади, како и во идентификувањето на корисниците од каде што истиот потекнувал. Апсењата биле извршени на глобално ниво.

Ги имало во Велика Британија, САД, Нов Зеланд. Потоа имало осомничени во БиХ, Хрватска, Перу, па замислете пронашле некој и од Македонија.

Обвинетите хакери имплетирале „Пеперутка ботнет“ (робот + нетворк), систем кој што може да ги пробива кредитните картички, сметките во банка и некои други лични информации.

Корисниците се разбира немале идеја дека нивните комјутери ниту пак кредитни картички и банкарски сметки биле мета на хакерски напад. Околу 11 милиони комјутери биле компримитирани, од малициозен софтвер кој им овозможува на хакерите да оперираат на поголема далечина.
ФБИ соопшти дека сите корисници континуирано ги надградувале нивните оперативни системи, користеле антивирус софтвер и што е најважно периодично ги исклучувале нивните комјутери од интернет, со цел да не биде откриен ниту еден извор од каде што се делувало.

Ова не е прв пат како социјалните медиуми, особено Фејсбук се покажаа како успешни во следењето и откривањето на криминалните активности.

Во септември NYPD поднесе обвиненија против 49 членови на бандата „Rockstarz“ и „Very Crisp Gangsters“ во Бруклин. Обвиненијата завршија со војна за територии кои траеја три години, вклучувајќи десет престрелки и одземање на три животи. Одмаздата заврши со фалбаџиски пораки и слики на Фејсбук, во кои дел од една од бандите се има сликано на непријателска територија.
Њујоршкиот полициски коесар Реј Кели, започна иницијатива наречена операција Crew Cut. Поради се поголемиот растечки сајбер криминал, Кели има намера да ги искористи социјалните медиуми и да ги заврти против хакерите.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1