Чешките лекари извршиле уникатна операција на фетус


Чешките лекари од прашката болница „Подоли“ за прв пат во земјата успеале да направат операција на фетус додека се наѓал во телото на мајката, јави дописникот на МИА од чешката метропола.
operacijaСо уникатната операција, што е извршена со помош на белгиски лекари, е спасено едно дете од неродени близнаци со ретка малформација, т.н синдром на трансфузија. При овој синдром, едното бебе прима премногу крв, за разлика од другото кое не добива доволно крв, што ги оптоварува бубрезите на првото, а прави да не расте другото дете.
Според гинекологот и хирург Ладислав Крофт, едното неродено дете немало нималку плодова вода, не произведувало урина, а другото дете било отечено со вода во белите дробови.
Со помош на прецизна оптика, хирурзите ги прекинале крвните садови во плацентата кои ги спојувале бебињата.Токму операцијата во утробата на мајката овозможи надеж за спас барем на едно од неродените деца.
Плодот ќе преживее и според лекарите нема да има никакви последици по здравјето откако ќе се роди

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1