СВР-Скопје поднесе кривични пријави против бугарските државјанки К.В.Ј. (32) и С.Е.Г. (22), поради основано сомнение дека на 13 овој месец во бутикот „Принципе“ во Градскиот трговски центар во Скопје извршиле три џебни кражби при што се стекнале со противправна имотна корист од 20.200. денари.
Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 15 дена. Според документираните сознанија на МВР, на 13 овој месец, пријавените во периодот од 12:30 часот до 13 часот, отишле во бутикот Принципе каде ја забележале С.Н. (20) од с. Крушопек – Скопје, која разгледувала изложени предмети. И пришле и искористувајќи го нејзиното невнимание со протнување на рака во ташната која ја носела со себе и го извадиле паричникот во кој имала лична карта, студентска легитимација и 3.200 денари, со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 3.200 денари по што се упатиле во правец на блискиот „Жена Парк“, каде што ги зеле парите, а паричникот со личните документи го фрлиле во грмушките во паркот.
На ист начин ја ограбиле и М.Б. (32) од Гевгелија, на која и зеле паричникот во кој имало лична карта, возачка дозвола, кредитни картици од банки, 50 евра и околу 5.000 денари.
И во третиот случај идентично на претходните, во бутикот ја забележале Л.Ј. (62) од Скопје и додека таа разгледувала по изложените предмети, и зеле два паричника од ташната со лична карта, банковни картички, и околу 6.000 денари.
По преземени мерки и активности на СВР Скопје е утврдено дека извршители на кражбите се К.В.Ј. и С.Е.Г, кои се приведени. Со нив е извршен разговор, препознавање од оштетените лица, а добиен е и видео запис од видео надзорот во бутикот од кој се изготвени фотографии на кои се гледа како ја вршат кражбата.