Најскап зеленчук во Охрид, најевтини јајца во Скопје, а месо во Куманово


Државниот завод за статистика во своите последни анализи вели дека во октомври Најскап зеленчук се продавало во Охрид, Битола, Куманово, Скопје и Штип. Најскап е убедливо Охрид – така на пример за моркови во Охрид во октомври се плаќало 44 денари за килограм, а во цела Македонија просечна цена вила 33,25 денари.

Најевтино продавале Струмица, Велес и Тетово

zelencuk

Гравот се продава скапо дури и во Тетово – 150 денари за килограм, во Штип каде цената била 127 денари. А во Охрид за истиот грав се наплаќа близу 190 денари. Во Скопје цената на гравот е 150 денар за килограм.

Брокулата најскапо ја плаќаат Штипјани – 100 денари за килограм, во Скопје е 94 денари, а најевтина е во Битола – 55,2 денари за килограм.

Најкап компир имала Струмица – 31 денар.

Скопјани пак јаделе најевтина јаболка за само 39 денари за килограм. Цената на ова овошје била највисока во Охрид дури 56,2 денари за килограм. Не само јаболката во Скопје во октомври најевтини биле и лимоните, 65 денари за килограм. Кумановчани според статистиката плаќале најскапо за килограм лимони дури 98,4 денари.

Во Струмица најскапо сирењето, во Скопје јајцата, телешкото најскапо во Тетово

Килограм јунешко месо најевтино се продавало во Куманово 299 денари за килограм. Тетово важи за град каде во октмври цената на телешкото месо со коска била највисока, дури 470 денари за килограм. Најниска цена телешкото имало повторно во Куманово 360 денари за килограм. Близу 300 денари за килограм во октомври изнесувала цената на свинското месо во Охрид, следуваат Струмица со близу 280 денари, Скопје 272 денари за килограм, а најевтина цена на мало имало свинското месо во Велес.

Тетовчани плаќале и најскапо за килограм смрзнато пиле, поточно околу 193 денари, а најмалку за пилешко плаќале Велешани, 160 денари за килограм.

Фактор.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1