Плаќањето за музика било неважечко – мин.култура направи увид во ММИ


no music not allowedМинистерството за култура изврши увид во општите акти на ММИ, организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците музички изведувачи, и утврди дека непрописно се наплаќа користењето на музиката на јавни места.

Тоа значи дека оваа организација додека не ги исполни пропишаните критериуми нема да има право да наплаќа во име на авторите за музика што се пушта во кафе-баровите, рестораните, салоните, телевизиите и други субјекти.

Од ММИ се бара –

– Да го смени членот 20 со кои за одлучување се доволни 3 члена произведувачи на фонограми и 3 члена, уметници изведувачи. Министерството бара да има повеќе членови кои ќе учествуваат о донесување одлуки.

– „ММИ“ нема основ да собира средства за странските носители на права, се до создавањето на правни услови со склучување на билатерални договори со соодветни странски здруженија или врз основ на фактички реципроцитет.

– неможе да се наплаќа за произведувачите на фонограми и музичките изведувачи од умножување на фонограм за приватно користење, за кое ММИ нема добиено дозвола од Министерството за култура“

– Во креирањето на тарифата за наплата не се вклучени доволен број на автори во чие име би се наплаќале средствата, но и дека неприфатлива е висината на надоместоците имајќи ги предвид општите економски состојби во државата.

– за да се наплаќа мора да има однапред склучен договор помеѓу субјектите, односно не може да се земаат пари од корисникот на музиката без регулирани облигациски односи.

ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ВО ТОТАЛНА ТИШИНА – БЕЗ МУЗИКА ВО МАКЕДОНИЈА? – НОВИТЕ ДАВАЧКИ НА ММИ СЕ ЗА СИТЕ !!
ТАКСИСТИТЕ ДО МУЗИЧАРИТЕ – АКО САКАТЕ ДА ПУШТАМЕ ВАША МУЗИКА ПЛАТЕТЕ НА ММИ МЕСТО НАС

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1