50 патници од Македонија заглавени на белградски аеродром


Педесетина патници кои синоќа со авионот на српската компанија ЈАТ требаше да полетаат од Белград кон Скопје веќе цела ноќ престојуваат во аеродромските чекални бидејќи постојано им се откажувал летот, пренесува „Дневник“.

aerodrombelgradТие реагираат дека компанијата и аеродромските власти ги оставиле да спијат на аеродромот без да ги сместат во некој хотел како што е предвидено во случаевите кога се случува откажувањето на летот.

– Синоќа само ни кажаа дека летот се откажува бидејќи авионот не можел да слета на скопскиот  аеродром заради магла. Потоа, не ни кажаа ништо. Единствено во 3.30 часот изутрина ни донесоа по еден сендвич и ништо потоа. Никој не ни кажува што ќе се случи со нас и дали авионот ќе полета. Исцрпени смe, бидејќи никој од нас не можел да предвиди дека ќе станеме заложници на аеродромот и на компанијата, изјавиле револтираните патници.

Меѓу нив има и патници кои претходно долетале од Австралија и кои со тој лет треба да стасаат до Скопје.

Поради магла се откажани слетувањата  на скопскиот аеродром Александар Велики  од Виена и од Љубљана што беа закажани по полноќ, како и  полетувањата  од Скопје кон  Виена, Љубљана и Загреб.

 
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1