Бошковски е болен – се одложи рочиштето за Ровер


Се одложи судското рочиште за случајот „Ровер“, во кој еден од обвинетите е Љубе Бошкоски.

boskovskiОд затворот Идризово, каде Бошкоски ја издржува петгодишната затворска казна за нелегално финансирање на изборната кампања, до судот испратиле факс дека Бошкоски е во лоша здравствена состојба, но во него не биле наведени причините за здравствена состојба на Бошкоски.

За случајот Ровер обвинети се 15 лица, но првите четворица, кои се наведени како извршители и еден од нив организатор, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ се во бегство и се недостапни за органите на прогонот.

Иако по странските државјани не е издадена меѓународна потерница, судот сепак одлучи на првите четворица обвинети да им се суди во отсуство.

Бошкоски се товари дека како министер за внатрешни работи во тоа време му дозволил на сега веќе починатиот Орце Коруновски да нарача убиство за Тушевски.

Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година. кога излегувале од кафулето „ЗУ” во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега. За овој случај одговараат 15 лица, а четворица од нив се во бегство

Макфакс

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1