Откажани летови од Александар Велики поради маглата


Десет полетувања и слетувања на скопскиот аеродром “Александар Велики“ се откажани, а неколку доцна утрово поради намалената видливост и маглата.

aerodromОд аеродромот од ноќеска на полноќ досега се откажани пет слетувања и пет полетувања кон и од Виена, Љубљана и Загреб.

Авионите од Истанбул и Белград кои се очекуваа да слетат на пистата во Скопје во 8,20 односно девет часот доцнат веќе неколку часови.

На “Александар Велики“ останаа да чекаат и патниците кои требаше да полетаат кон Меминген со Виз ер и кон Истанбул со Туркиш Ерлајнс. Единствениот лет што е реализиран денеска од скопскиот аеродром е на Виз ер на релација Скопје – Бергамо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1