Русија забрани Американци да посвојуваат руски деца


Законодавната правна комисија на Државниот комитет на Русија ги одобри измените за забрана на каква било инволвираност на САД, во посвојувањето на руски деца. На 19 декември Долниот дом треба да го разгледа второто читање на нацрт законот.

territory-orphanage-pupil-stavropol.n Амандмано забранува индивидуално посвојување од страна на американските граѓани и американските компании и организации, кои дејствуваат како посредници за оние кои бараат да посвојат руски дечиња. Амандманите биле поднесени од страна на пратениците на Обединета Русија и пратениците од Либерално-Демократската партија.

Пратениците на овие партии се изјаснија, дека доколку Парламентот е подготвен да ја поддржи забраната за посвојување на руски деца во САД, тој мора да остане во сила се додека американските судови носат пристрасни одлуки во случаите со посвојување на руските деца. И малцинските партии се изјаснија за поддршка на ваквите амандмани

Другите предложени амандмани им забранува на американските граѓани да влијаат на руската политика. Тие вклучуваат забрана за американските граѓани да се упатат или дури и работат на руски невладини организации кои се занимаваат со политички активности.
Предлог законот бил именуван по руското двегодишно детенце Дима Јаковлев, кое почина откако неговите американски посвоители го оставиле девет часа во автомобилот на прежешкото време.

dima-yakovlevСмртта на Дима не е прв случај за руските деца кои наводно биле убиени и мачени од страна на родителите посвоители во САД во последниве години. Од почетокот на 1990-те години според руските официјални лица, најмалку 19 руски деца биле убиени од страна на нивните старатели во САД.

Околу 60,000 руски деца се усвоени од страна на американските двојки, од кои најголем број од нив споделуваат посвојувачки аранжмани со Русија. Претседателот Владимир Путин остро ги критикуваше американските власти минатата недела за нивната реакција над руските сираци кои умираа по неразјаснети околности.

Крититките беа изнесени против американскиот судски систем за недоволна реакција на случаите за злоупотреба на руските деца од страна на американските посвоители.

И народниот правобранител на Русија Павел Астакхов, е силен поддржувач на целосната забрана за странските посвојувања. Истиот изјави дека сите руски деца без родители мора да останат во Русија и да не бидат подложни да бидат посвоени од страна на американски фамилии.
Но и покрај едногласната поддршка на ваквиот закон, сепак истиот привлече голем број на критики од двете владини претставници како и од јавните активисти.

„Ваквиот вид на око за око политика може да биде придонес за страдањето на децата без родители кои не можат да најдат посвоители во Русија“, напишал на својот твитер рускиот минситер за образование Димитриј Ливанов.
US-RUSSIA-CONGRESS-OBAMA-BILLАктивистот за човекови права пак Олга Костина, смета дека новиот закон ќе ги погоди згрижувачките семејства, наместо да ги таргетира функционерите кои ги злоупотребуваат своите овластувања за пари при транфер на децата.
Ваквиот закон се смета дека всушност е контра напад за одобрениот Магнитски Закон, одобрен од страна на американскиот Сенат на 6 декември а потпишан од Обама на 14 декември.

Со него се замрзнуваат американските средства за група на руски пратеници, за спроведување на законотите и платите за судските службеници, кои наводно се соучесници во смртта на Сергеј Магнитски, ревизор кој работел за еден британски инвестициски фонт и кој починал кога тој бил ставен во притвор во текот на една голема даночна измама.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1