Откритие во Мексико – 13 продолжени черепи ги занемеа археолозите (Видео/Фото)


foto4

Мексикански археолози пронашле гробишта стари неколку илјади години во државата Сонора со карактеристики кои што досега не биле забележани.

На само 300 метри од селото Онавас во јужна Сонора биле откриени 25 скелети од кои 13 од нив биле со деформирани черепи. Некои од скелетите носеле украси изработени од школки и полжави.

На еден од скелетите било пронајдено и желкина школка поставена во висина на стомакот.

За археолозите откритието е релативен доказ за практиките кои не се евидентирани во старите Сонора културни групи.

„Ваквите откритија покажуваат дека во оваа област се мешале културите од групи од северниот дел на Мексико, со делови од Заливот на Калифорнија“, изјавила Кристина Гарсија Морено една од археолозите.

foto21_craneo_deformado

Не е прв пат да бидат пронајдени вакви култоролошки мешања.

foto1

Претходни слични вакви биле откриени во Шпанија во јужниот дел на Синаола и северен Наиарит, но истите не биле забележани во институтот во Сонора.

Гарсија, директорот на истражувачкиот проект, кој се спроведува од страна на Државниот универзитет во Аризона изјавил дека со ваквото откритие се менуваат знаењата за продолжување на границата на влијанието на месоамериканските народи на север, кои што до вчера биле заверени во архивските документи во Универзитетот.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1