Фејсбук и Инстеграм ќе ги продаваат вашите фотки без ваша дозвола


433378-instagramlogo4912

Инстиграм си потпиша ,,банкрот,, пресуда со новите правила кои ги воведе.

Само три месеци откако беше купена од Фејсбук социјалната мрежа Инстаграм направи промена така што сега може да ги продава вашите фотографии без за тоа да ви плати или воопшто да ве извести.

Новата политика, која стапува на сила на 16 јануари корисниците не можат на ниту еден начин да ја избегнат, освен ако не го избришат својот профил пред 16 јануари.

Со новите правила, ако сакате да имате налог на Инстаграм мора да се согласите Фејсбук да го добие правото да ги лиценцира сите јавни фотографии на Инстаграм и тој може да ги препродава дури и за комерцијални цели. Тоа значи дека вашите фотографии ако ги купи некоја компанија за рекламни цели, вашето лице може да се најде на постер за сифилис или сида. Ова, според незадоволните корисници, ќе го претвори Инстаграм во нова верзија на iStockPhoto, но со таа разлика што Инстаграм на своите корисници нема да им плаќа ништо.

instigram prodava

screenshot

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1