Судот во Марсеј ја прогласил за виновна 58-годишната психијатарка Даниел Канарели.
Нејзе и се судеше за убиство што го сторил нејзиниот долгогодишен пациент затоа што потфрлила да ја препознае опаснста. Жоел Гајар со секира убил 80-годишен маж во март 2004 година, 20 дена откако побегнал од прегледот што го имал кај психијатарката во марсејската болница “Едуар Тулуз”.
Судот заклучил дека таа требало да побара сместување на Гајар во специјализирана установа од затворен тип или случајот да им го препушти на други лекари. Тој пак е ослободен од одговорност за злосторството поради непресметливост и се наоѓа на слобода под лекарски надзор.
Канарели е осудена на една година затвор и треба да плати 8500 евра отштета на семејството на убиениот. Адвокатите на Канарели сметаат дека оваа пресуда ќе има сериозни последици за психијатарската фела.