Синоќа околу 19.30 часот, двајца разбојници претепале продавачка во продавничка на булеварот АВНОЈ во Скопје, информираат од МВР.
според информациите разбојниците со дрвена палка ја истепале жената и од касата го украле дневниот промет по што побегнале.
Жената со видливи повреди по телото била пренесена во болница. За среќа минала со полесни повреди и е пуштена на домашно лекување. Полицијата ги бара сторителите.