ВИДЕО: Циркус собрание – Опозицијата пее „Народе македонски“, Дулиќ диригира


komisija3-600x272Продолжува циркузот во македонското собрание. Опозицијата со извикување ,,лопови, лопови,, не дозволува да продолжи законодавно-правната комисија бидејќи, рече, Игор Ивановски со арамилакот не знаете да престанете.

Пратениците од опозицијата и запеаа, а според некои медиуми и труби засвиреле. Опозицијата ја пеела ,,народе македонски,, а дулиќ била во улога на диригент.

ВИДЕО: ЕВЕ КАКО ЗВУЧИ ,,СОБРАНИСКИОТ ХОР,,

Додека во Собранието опозицијата нуди аргументи и предлози да се скрати буџетот, владата вчера тајно се задолжила за нови 100 милиони евра, тврдат од опозициската СДСМ.

„Вчера додека ние разговаравме, тие тајно, од ден за ден, не само што не го намалија својот луксуз и потрошувачка, туку се задолжија за нови, верувале или не, 100 милиони евра. Во еден ден! Во еден ден, тајно, од ден за ден, на вонредна аукција за државни хартии од вредност, без најава како што тоа треба да биде, само за еден ден“ изјави Игор Ивановски, координатор на пратеничката група на СДСМ.

„Има ли крај на ова лудило и на овој лоповлук. Ова што се случува е безобразно, дрско и ненародно и затоа сакаме на ваков начин да ја информираме јавноста дека ова што го прават дефинитивно нè убедува дека попуштање, договарање, пазарење, ценкање со парите на граѓаните ниту сме мислеле, ниту ќе има, ниту пак тоа е нашата намера“ вели Ивановски.

Погледнете го циркусот

Видео А1он

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1