Скопјани со гас-маски ќе протестираат против загадувањето на воздухот


Со гас-маски на лицата граѓани и активисти на еколошките организации утре во Скопје ќе протестираат против екстремното загадување на воздухот.

googreenОва на социјалните мрежи го најавија организациите Гоу Грин и Млади за љубов, пренесува МКД.МК.

Тие ги повикаа сите граѓани да излезат на утрешните протести, кои се закажани за во 12 часот пред топларницата на Клиничкиот центар, која се смета за еден од најголемите загадувачи во центарот на Скопје.

Целта на протестите е граѓаните да им упатат порака на загадувачите и на надлежните институции конечно да преземат конкретни мерки за намалување на штетните емисии во воздухот.

Протестот, кој ќе се одвива во вид на марш со гас-маски, од топларницата на Клиничкиот центар ќе заврши на плоштадот Македонија.

Извор – мкд.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1