Децата имаат обврска да ги посетуваат родителите, а доколку тоа не го прават ќе се најдат на суд, предвидено е со новото законско решение кое се усвои денес во Кина.
Државата со најголем број на жители во светот, која некогаш беше позната по големите семејни заедници и грижа на децата кон старите, според новото законско решение, од возрасните деца се бара да ги посетуваат нивните родители често, во спротивно ризикуваат да бидат тужени од страна на нивните најблиски. Сепак не се прецизира колку често децата мораат да ги посетуваат родителите.
Државните медиуми јавија дека новиот член на законот овозмоува родителите да си ги тужат децата. Брзиот развој на Кина доведе до зголемување на бројот на проблемите околу грижата за постарата популација.
Проблемот е отежнат поради непостоењето на старечки домови или центар за грижа за стари кои не можат да се грижат сами за себе.
Традиционалното форсирање на машки деца во Кина, кои некогаш материјално се грижеле за старите сега се покажува како погрешно, затоа што женските деца се попосветени и погрижливи за нив, што е од преголема важност кога таткото и мајката можат да имаат само едно дете.