Сируп против кашлица усмрти 33 Пакистанци


Најмалку 33 луѓе, воглавно наркомани, починаа во пакистанската провинција Гујранвала откако конзумирале сируп против кашлица, чиј состав се испитува за да се утврди дали станува збор за прекумерно конзумирање или проблемот е во лекот.

Woman Drinking1
Хоспитализирани се 54 лица за кои се претпоставува дека земале сируп.
Аутопсијата поажала дека кај починатите пронајден е декстраметорфан, синтетички дериват на морфиумот, кој се користи во сирупите против кашлица и може да предизвика халуцинации ако прекумерно се конзумира.
Во моментот се испитува дали на луѓето им се слошило откако прекумерно земале од сирупот или проблемот е во составот на лекот.
Декстрометорфанот во комбинација со други лекови може да предизвика така наречен серотински синдром, односно да предизвика смрт поради прекумерна концентрација на серотинин во телото.
Минатиот месец во Лахор од истиот сируп починаа 16 луѓе.

Миа

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1