Панделина Атанасова, 21-годишната студентка на трета година на Факултетот за музичка уметност во Љубљана годинава ја доби највисоката државна награда на Словенија .
Ја доби како резултат на високи награди од државни и меѓународни натпревари, концерти, полурецитали и рецитали. Наградата се доделува за остварени високи резултати во областа на музиката во чест на познатиот поет Франце Прешерн.
Атанасова е горда на оваа нова награда. Младата пијанистка и досега беше успешен амбасадор на Кавадарци и Македонија. Особено е важно да се напомена дека досега има освоено седум награди на државни и деветнаесет награди на меѓунардони натпревари.
Амбасадор е во повеќе земји: Србија, Хрватска,Словениј, Чешка, Бугарија, Русија, Франција, Америка.
“Прешерновата награда претставува уште една потврда за мојот извонреден талент и посветеност на музиката,“ рече Атанасова. Таа во моментов е во Словенија, каде ги продолжува студиите во класата на професор Дубравка Томшиќ Среботњак.
Извор – Факултети.мк