Македонка ја доби највисоката државна награда на Словенија


Панделина Атанасова, 21-годишната студентка на трета година на Факултетот за музичка уметност во Љубљана годинава ја доби највисоката државна награда на Словенија .

 pandelina

Ја доби како резултат на високи награди од државни и меѓународни натпревари, концерти, полурецитали и рецитали. Наградата се доделува за  остварени високи резултати во областа на музиката во чест на познатиот поет Франце Прешерн.

Атанасова е горда на оваа нова награда. Младата пијанистка и досега беше успешен амбасадор на Кавадарци и Македонија. Особено е важно да се напомена дека досега има освоено седум награди на државни и деветнаесет  награди на меѓунардони натпревари.

Амбасадор е во повеќе земји: Србија, Хрватска,Словениј, Чешка, Бугарија, Русија, Франција, Америка.

“Прешерновата награда претставува уште една потврда за мојот  извонреден талент и посветеност на музиката,“ рече Атанасова. Таа во моментов е во Словенија, каде ги продолжува студиите во  класата на професор Дубравка Томшиќ Среботњак.

Извор – Факултети.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1