За секој дочек на Новата година се подготвува и посебен безбедносен план, особено на најпозната и „најубавата“ авенија во светот – Шанзелизе, јавува дописникот на МИА од Париз.
На Елисејските полиња се очекуваат неколку стотина илјади лица од кои многу странски туристи. На Елисејските полиња е забрането користењето и употребата на огномет и петарди. Изречена е и забрана за продажба на алкохолни пијалоци исто како и паркирањето и движењето на автомобили.
Трговците беа повикани да ги заштитат своите излози.
За безбедноста на гостите на Елисејските полиња и во Париз се грижат силни полициски екипи, а министерот за внатрешни работи соопшти дека во цела Франција за Новата година се мобилизирани околу 53.000 припадници на силите на редот, полицајци и жандарми.
На големо разочарување на странските и домашните гости кои ќе ја поминат новогодишната ноќ во француската претсолнина, годинава нема да има огномет или спектакал на отворено организиран од страна на градските власти. Неочекувана одлука, која веќе предизвика серија на критики во градот кој е познат по својата светлина.