МВР заклучи – новинарите не биле сосила отстранети од собранието – еден од нив го нападнал обезбедувањето


Претставката на Здружението на новинарите на Македонија за прекумерна употреба на сила кон новинарите за време на случувањата во Собранието при носење на буџетот е неоснована, заклучил Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди по интерната истрага по претставката доставена од Здружението.

NOVINARI SOBRANIEОвластени лица, се додава, извршија службени разговори со сите инволвирани, а беа прегледани доставените материјали од пријавителот, но беше извршена и анализа на оригиналните материјали од безбедносниот видео-надзор во Собранието, како и во снимените материјали од неколку медиуми.

– Од увидот во целокупниот видео материјал, како и од извршените разговори, не може да се констатира прекумерна употреба на сила или пречекорување на овластувањата. Напротив, постапувањето на полициските службеници е согласно Законот за Собрание, Законот за полиција, Кодексот на полициската етика и подзаконските акти. Оттаму, СВКПС цени дека претставката поднесена од Здружение на новинари на Македонија за незаконско и непрофесионално постапување на полициски службеници на ден 24.12.2012 година во Собранието на РМ е неоснована, се вели во соопштението.

Во извршените разговори со одговорните лица во Собранието, стои, констатирано е дека со обидот за отпочнување на закажаната пленарна седница, во објектот на Собранието ескалирале нарушувањата на редот од страна на група пратеници. Вон демократските процедури имало обиди физички да се пресметаат со Претседателот на Собранието на Р. Македонија попречувајќи го во извршувањето на функцијата за која има добиено мандат.

sobranie vnatre4Опколувањето и физичкото посегнување кон него биле проследени со бројни навреди и закани, но и уништување на опремата со која работат пратениците во салата. Заради заканите по безбедноста Претседателот на Собранието на Р. Македонија морало да биде евакуиран, но блокирањето на говорницата и насилното попречување на редовното работење продолжи и натаму. Врз основа на член 43 од Законот за Собрание на РМ, Претседателот побарал да се воспостави ред во собраниската сала и да се создадат услови за отпочнување на пленарна седница. Во координација биле договорени задачите и начинот на кој што ќе се постапи по барањето на Претседателот на Собранието.

Во однос на претставниците на медиумите кои се наоѓаа во галеријата, која е дел од собраниската сала, според МВР, било проценето дека треба да им се укаже да ја напуштат салата се до создавањето услови за нормално работење на Собранието и отпочнувањето на седницата. Во полза на ваквото мислење, како што се посочува, оделе повеќе факти.

sobranie vnatre3– Воспоставена практика во досегашното работење на Собранието била присуство на медиумите во салата кога пленарната седница е во тек. Освен тоа во галеријата можело да се забележи и присуството на пратеник кој учествувал во нарушувањето на редот во салата, што претставувало дополнителна грижа за можно користење на просторот наменет за медиуми и од други лица за други дејствија со кои повторно би можела да се попречи работата на пратениците, наведуваат од МВР.

Истовремено, се посочува, од надвор пристигнувале информации за тензии и најави за можни инциденти со опасност од пробивање на полициските кордони, како и насилно влегување во Собранието.

Сите овие информации, се наведува, говореле во прилог на исклучително сложената состојба од аспект на обезбедувањето на редовното работење на Собранието и спречувањето насилни блокади на институциите. Заради тие причини им било укажано на новинарите да ја напуштат галеријата и случувањата да ги следат од прес центарот, односно просторот исто така предвиден за нив, се до воспоставувањето ред и создавањето услови по кои би отпочнала седницата.

novinari-sobranie2-604x272

– При укажувањето, најголемиот дел од новинарите постапи согласно барањето, сфаќајќи ја сериозноста на ситуацијата. Помал дел отпочнале да се конфронитраат со собраниското обезбедување, комуницирајќи со пратениците кои во салата го нарушуваа редот. Според исказот на присутните полициски службеници, еден од присутните новинари одбивајќи да постапи по укажувањето, пружил активен отпор, при што удрил едно од службените лица во пределот на градите и му го откорнал беџот за идентификација, кој бил зацврстен на реверот од палтото, фрлајќи го во салата. Во еден момент на помош пришле уште двајца полициски службеници кои помогнале околу негово извлекување на што тој негодувал и со нога удрил еден од нив нанесувајќи му повреда во пределот на ногата, посочуваат од МВР.

Во однос на делот во претставката во која подносителот се повикува на членот 16 од Уставот на Република Македонија, Секторот за внатрешна контрола, се наведува, цени дека во негова надлежност е испитувањето на работата на полициските службеници согласно правните акти, а не утврдувањето на уставноста на актите, иако во членот 67 од Уставот на Република Македонија јасно стои дека „Претседателот на Собранието го претставува Собранието и се грижи за примена на Деловникот на Собранието“.

Од МВР посочуваат дека во текот на денешниот ден, одговорот од СВКПС ќе биде доставен до ЗНМ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1