Две лица загинале а над 340 се повредени во огнометите по поводот дочекот на Новата година во Италија.
Една ракета погодила во лицетот 49-годишен ѕидар и го усмртила, а 51-годшишен сопственик на ресторан загинал кога петарда експлодирала во близината на неговата глава, непосредно пред полноќ, соопшти италијанската полиција.
Двете несреќи се случиле во јужна Италија, каде населението традиционално е наклонето кон забранетите експлозивни материјали за огнометите
Еден автомобил полн со материјал за огномет експлодирал во Неапол при што тешко се повредени двајца тинејџери, соопшти полицијата.
Во Неапол и околината во текот на новогодишната ноќ се повредени повеќе десетици луѓе, меѓу кои и шестгодишно девојченце и петгодишно момченце. Тие се хоспитализирани со изгореници предизвикани од експлозии, но во меѓувреме биле пуштени на домашна нега.
Во Милано 11-годишно момче загуби три прста кога зело во раката запалена петарда, а еден маж останал без цела шака во близина на Фоџа. Сличен инцидент се случил во провинцијата Фермо во јужниот регион на Пуља, каде што млад човек експлозија му е отсечен прст.
Како што пишува во вторникот весникот La Repubblica во Неапол и биле повредени околу 82 лица, од кои 12 малолетни лица, најмладиот само пет години. Уште 12 слични случаи пријавени во провинцијата Салерно.