Крвав огномет во Италија за Нова година – 2 загинати 340 повредени


Две лица загинале а над 340 се повредени во огнометите по поводот дочекот на Новата година во Италија.

new_year_italyЕдна ракета погодила во лицетот 49-годишен ѕидар и го усмртила, а 51-годшишен сопственик на ресторан загинал кога петарда експлодирала во близината на неговата глава, непосредно пред полноќ, соопшти италијанската полиција.

Двете несреќи се случиле во јужна Италија, каде населението традиционално е наклонето кон забранетите експлозивни материјали за огнометите

Еден автомобил полн со материјал за огномет експлодирал во Неапол при што тешко се повредени двајца тинејџери, соопшти полицијата.

Во Неапол и околината во текот на новогодишната ноќ се повредени повеќе десетици луѓе, меѓу кои и шестгодишно девојченце и петгодишно момченце. Тие се хоспитализирани со изгореници предизвикани од експлозии, но во меѓувреме биле пуштени на домашна нега.

Во Милано 11-годишно момче загуби три прста кога зело во раката запалена петарда, а еден маж останал без цела шака во близина на Фоџа. Сличен инцидент се случил во провинцијата Фермо во јужниот регион на Пуља, каде што млад човек експлозија му е отсечен прст.

Како што пишува во вторникот весникот La Repubblica во Неапол и биле повредени околу 82 лица, од кои 12 малолетни лица, најмладиот само пет години. Уште 12 слични случаи пријавени во провинцијата Салерно.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1