Служењето војска не се враќа – Бесими контра Генералот


За иницијативата за враќање на регрутниот состав во Македонија, министерот Фатмир Бесими дециден дека за каква било промена во таа насока мора да се направи длабока анализа и политичка проценка, како и претходни консултации со НАТО.

vojnici avganistan– Засега нема анализа во МО која би препорачала таква промена во ссотавот на АРМ. Тоа е крупна промена за која одлучуваат граѓаните преку Собранието. Мораме како држава да бидеме конзистентни во однос на реформите кои ги правиме за членството во НАТО, појасни Бесими.

Тој додаде оти Македонија е меѓу првите земји во регионот која во 2006 година го напушти задолжителното служење воениот рок и е воведен систем на професионална армија, што досега се покажал како успешен и е високо оценет од НАТО. Според Бесими, и сега постои регрутниот систем во АРМ, но тој е, подвлече, на доброволна основа, така што секој професионален војник што треба да се вработи во Армијата, задолжително треба да има го има поминато регрутниот систем.

Курир

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1