Им дале расипана риба и лешници со црви за нова година на 600 гости


Букурешт, 2 јануари 2013 (МИА) – Расипана риба и лешници со црви им биле сервирани на приближно 600 лица во Романија, кои одлучиле Нова година да ја пречекаат во некогашната Палата на социјалистичката република во селото Подари, на брегот на реката Жиу, соопштија романските весници.


Metallic_tasteВо менито, што имало вредност од 150 леи (околу 35 евра), требало да бидат понудени риба, пилешка шницла, свинска кременадла и десерт. Место тоа, меѓутоа, на славениците им биле сервирани расипана риба и лешници со црви.
разгневените гостите предизвикале скандал, откако некои од нив ги искршиле чашите и чиниите, додека персоналот, уплашен од реакцијата на луѓето, избегал.
На телефонскиот број 112 биле добиени серија поплаки.
Некои од гостите не сакајќи да си го расипат празникот влегле во кујнята на ресторанот, каде самите си приготвиле храна со продуктите кои ги нашле во ладилниците. Други, пак, били премногу гневни и си заминале со ветување дека ќе се пожалат до Комисијата за заштита на потрошувачите.

weevil_2ras-riba

Палатата на социјалистичката република се простира на терен од 200 хектари, на самиот брег на река Жиу. До пред извесно време Палатата била сопственост на бизнисменот Динел Нуцу – поранешен сопственик на фудбалскиот клуб „Университатеја Крајова“, и актуелен сопственик на протоколната куќа на семејство Чаушеску во Крајова. Во моментов Палатата на социјалистичката република во Подари е сопственост на друг бизнисмен од Крајова, пишува весникот „Романија либера“, без да го прецизира неговото име

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1