Три лица загинаа при пад на авион во близина на Џаспер, во американската сојузна држава Алабама.
Се урна авион од типот „Пајпер ПА 30″, во кој имало три лица кои загинале на лице место. Сопственикот на авионот на полицијата и рекол дека леталото му било украдено.
Американските медиуми пренесуваат дека жртвите најверојатно се тинејџери кои го украле авионот и управувале со него без дозвола. Имињата и годините на жртвите не се соопштени.
Заменик шерифот на тој округ Џејмс Пејтнер изјави дека властите се уште испитуваат како се случила трагедијата, но веруваат дека тинејџерите влегле во авионот со намера да се забавуваат.
Претставникот за печат на федералната управа за цивилна авијација Кетлин Берген рече дека авионот се урнал во близина на аеродромот