Младата Бразилка, средношколката Ребека Бернардо одлучила да ја продаде нејзината невиност, а се одлучила на овој чекор со цел да собере пари за да и помогне на болната мајка, која неодамна доживеала мозочен удар.
Понудата ја објавила на ЈуТјуб, и до сега добила три понуди – највисоката е 35.000 долари.
Тинејџерката велид ека се обидела да најде работа, работела и како келнерка, но трошоците за медицинска сестра која би била со нејзината мајка, која после мозочен удар станала неспособна да се грижи за себеси, се многу високи.
Таа нема на кому да се обрати за помош, таткото никогаш не го запознала а постарата сестра и починала. .
По објавувањето на снимката, селаните ја гледале со презир и фрлале пари на улица. Таа ја одбила понудата од локалната телевизија, која се согласила да ги покрие трошоците за лекувањето, само да не продолжи со аукцијата, бидејќи како што вели таа сака со својата мајка да се пресели во друг град.