Чуварите во бразилскиот затвор Арапираци фатиле мачка која за затворениците шверцувала бушалки, мобилни телефони и мемориски картички. Пратката била залепена за телото на животното а нејзиното ,,апсење,, е снимено.
,, не можевме да ја натераме да проговори и да каже кому му носела,, се нашалил поручникот Карлос Луна. Тој изјавил дека во затворот веќе десетина години се случуваат слични ситуации, кога луѓето сакаат да прокриумчарат разни нешта, но ова било прв пат во нечие бегство да биде вмешано животно.
Во овој затвор во Бразил моментално се наоѓаат 263 затвореници