Ноќта на 6. јануари, биле ограбени канцелариите на “Палма-трејд” во комплексот “Рамстор” во Тетово.
Непознати сторители провалиле во “Рамстор” и од локалот “Палма-трејд” одзеле метален сеф, во кој имало 565.800 денари и документи.
Металниот сеф е подоцна пронајден во нива од страна на полицијата. Крадците насилно го отвориле сефот и од него ги земале само парите.
Во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот .