Гладта за месо ни ја јаде планетата – годишно се јадат 283 милиони тони


Зголемата побарувачка на месо во современиот свет со себе носи сериозни последици за животната средина. Месото на човекот му овозможува важни хранливи материи. Премногу месо пак може да биде канцерогено.

rostilj-mesano-meso02
Стековите, колбасите, шунките, во денешниот свет ги има премногу. Без разлика дали се конзумира за доручек, ручек или вечера, Германците се љубители на производите од животинско потекло. Мажите во Германија во просек јадат 1,2 килограми месо неделно, а жените половина од тоа. Сепак гладта за месото и понатаму расте.
Во изминатите 50 години, потрошувачката на месо во светот се зголемила за четири пати, а денеска според извештајот за состојбата на земјоделството во светот, истото изнесува околу 283 милиони тони на годишно ниво. Производството на месо не може да остане без последици.
Поради сточната храна се повеќе расте потребата за обработлива површина, а плодното тло на Земјата е ограничено.
„30 % од житариците се користат за прехрана на животните. Доколку сакаме да ги прехраниме сите луѓе тогаш мораме да мислиме и на тоа како да ги прехраниме животните “, вели Никол Маиш портпарол на парламентарната група на Зелените во Бундестагот.
Друг фактор е водата. За производство на еден килограм говедско месо потребни се 40,000 литри вода. Според УНИЦЕФ околу 783,000,000 луѓе во светот се без чиста вода за пиење.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1