Месарниците веќе нема да смеат да продаваат мелено месо. Тие ќе мора да го мелат месото во присуство на купувачот. Ова се новите правила на Агенцијата за храна.
-Веќе нема може топтан рефусно да се продава без вие како потрошувач да знаете што има во него. Ново е што нема да може, секоја месарница однапред да го приготвува месото и така да стои приготвено. Нормално, вие како потрошувач ќе може да си добиете мелено месо доколку побарате на лице место да ви се сомели, а подготовките од мелено месо оние готовите ќе може да се прават во објектите кои имаат одобрување за тоа, изјави Дејан Рунтевски, директор на Агенција за храна и ветеринарство во изјава за Канал5.
Со новиот правилник сите продажни објекти и кланици во Македонија се обврзани да продаваат свежо, разладено и смрзнато месо со декларација на која точно ќе бидат назначени земјата на потекло, рокот на траење, нето-тежината, местото на обработка и условите на складирање.
Доколку месото е увезено, на декларацијата треба да пишува каде е родено, одгледано и заклано животното, како и неговата старост.
Правилникот налага на декларацијата да биде назначен и кодот на земјата од каде што доаѓа и бројот на кланицата.
Канал 5