Ново правило – Мелено месо отсега само на лице место


Месарниците веќе нема да смеат да продаваат мелено месо. Тие ќе мора да го мелат месото во присуство на купувачот. Ова се новите правила на Агенцијата за храна.

meleno meso-Веќе нема може топтан рефусно да се продава без вие како потрошувач да знаете што има во него. Ново е што нема да може, секоја месарница однапред да го приготвува месото и така да стои приготвено. Нормално, вие како потрошувач ќе може да си добиете мелено месо доколку побарате на лице место да ви се сомели, а подготовките од мелено месо оние готовите ќе може да се прават во објектите кои имаат одобрување за тоа, изјави Дејан Рунтевски, директор на Агенција за храна и ветеринарство во изјава за Канал5.

Со новиот правилник сите продажни објекти и кланици во Македонија се обврзани да продаваат свежо, разладено и смрзнато месо со декларација на која точно ќе бидат назначени земјата на потекло, рокот на траење, нето-тежината, местото на обработка и условите на складирање.

Доколку месото е увезено, на декларацијата треба да пишува каде е родено, одгледано и заклано животното, како и неговата старост.

Правилникот налага на декларацијата да биде назначен и кодот на земјата од каде што доаѓа и бројот на кланицата.

Канал 5

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1