350 килограми дрога што беше запленета во денешната акција на МВР била транспортирана во редовна пратка со камион со душеци за спиење.
-Десетина од душеците биле специјално изработени и наменети за да бидат наполнети со марихуаната. Ова е прв ваков случај на пакување на дрога. Шверцерите се доста инвентивни и не бираат начин како да ја сокријат дрогата, истакна Јанкулоска.
Во рамки на оваа кација осомничени се седум Македонски државјани од кои пет се уапсени, а по двајца се трага. Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу 1 милион евра за големпородажба и неколкукратно повеќе во малопродажба.
Според информациите, дрогата од Албанија преку Македонија требала да заврши на холандскиот нарко пазар.
МВР паралелно со оваа спроведува уште една акција за сузбивање на меѓународен шверц на дрога во која досега се инволвирани 10 лица.
Повеќе детали за втората акција спроведена во соработка со австриската полиција од МВР најавуваат утре.
Извор/Фото – Курир