Македонија:Чиле 15:45 – Подготвени за навивање? Напред Македонија але але але


Натпреварите од 23.Светско првенство во ракомет во групата Б што се игра во Севиља ќе бидат отворени со денешниот дуел Македонија – Чиле.

Почетокот на натпреварот е во 15 часот и 45 минути.

Одиме на ПОБЕДА – ЗА КОГО?

ЗА МАКЕДОНИЈА !!!!!!!!!!!!!

rakometari

За нашата репрезентација која по повеќе од 20 часа патување во четвртокот преморена стигна во Севиља ќе биде и прва средба со салата (несметајќи го процесот на акредирирање), бидејќи во текот на вчерашниот ден нашите ракометари во терминот на утринскиот тренинг се сместуваа во хотелот за репрезентациите, а попладнето тренираа во салата за тренинзи „Пино Монтато“.

Селекторот Звонко Шундовски одработе полесен тренинг во пресрет на дуелот со аутсајдерот во групата селекција на Чиле. Инаку, противникот на македонските ракометари веќе неколку денови се наоѓа во Шпанија.

Од зборовите на двајцата македонски физеотерапевти, кои имаа најмногу работа, играчите се подготвени за натпреварот со Чиле.

Првиот противник на Македонија, репрезентацијата на Чиле ќе го има второто учество на Светските првенства откако на ПАНАМ (шампионат на двете Америки) го освои 3.место.

На првото учество пред две години Чиле го освои 22.место. Во составот на оваа јужноамериканска репрезентација нема да настапи нивниот најдобар играч Марко Онето поради повреда на коленото. Онето е член на унгарскиот шампион Веспрем.

Покрај натпреварот Македонија – Чиле во рамките на групата Б ќе се одиграат и натпреварите Исланд – Русија (почеток 18 часот) и Данска – Катар (почеток 20:15 часот).

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1