Најбогатиот човек на светот нема ниту клима


Просечен Мекиканец не може да проживее ни ден, а да не купи еден од производите, или да не ги користи услугите од компаниите кои ги поседува тајкунот Карлос Слим.
karlos slim2Повеќето родилки се породуваат во неговите Стар Медика болници, кои добиваат електрична енергија од неговата компанија Condumex. Се возат по патиштата кои ги има изградено компанијата CILSA, ставаат гориво од Svecomex, телефонираат од компанјата Telemex, пушат цигари од маркетот Slim, кој е дел од Marlboro групацијата и купуваат во супермаркетите Sears Rubac.
Мексикашкиот тајкун има 72 години и според проценките на „Forbes“ тежи неверојатни 69 миијарди долари.
Тој котролира повеќе од 200 компании од телекомуникациите, со кои на почетокот и го стекна своето богатство, од инфраструктура, банкарство и недвижен имот.

Вниманието на светската јавност беше свртено кон него пред пет години кога од првото место на листата на најбогатите на „Forbes“, го симна сопственикот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Но. Слим не се расфрла со пари, како и останатите други тајкуни. Времето воглавно го поминува во канцеларија на вториот кат од својата банка. На неговото работно место се наоѓа вентилатор, поради што најбогатиот човек на светот нема клима уред.
Веќе 40 години живее во истата куќа, без јахти и сам си го вози својот мерцедес. Освен тоа, е сопственик на најголемата приватна колекција на скулптури.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1