Се повеќе луѓе работат како слуги на други – 52 милиони во светот


Според статистиката на Меѓународната организација за труд, бројот на оние кои работат како слуги по домовите, од 1995 до 2010 година, пораснал за 60% поради, пред се, деветте милиони нови невработени во овој период.

sluga1Меѓу 52 милиони куќни помошници, кои воглавно работат прекувремено за мали плати, без каков било договор, 83% се жени.
Во извештајот на Меѓународната организација за работа, се наведува дека ова е најпроблематичен сектор, затоа што работната сила во најголема мера е експлоатирана, платите се минимални, а условите за работа се тешки затоа што нема дефинирано работно време ниту годишен одмор, а помошниците се често изложени на физичко, психичко и сексуално насилство.
Се повеќе станува во пракса да за оваа врста на работа се најмуваат деца помлади од 15 години и тоа најчесто од Азија, Пацифичката област, Латинска Америка и на Карибите.
Во земјите во развој проблемот на експлоатација на децата е најизразен.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1