Вештачката интелегенција полудела – најпаметниот компјутер почнал да пцуе


Почнало! Најпаметниот компјутер на светот почна да пцуе, а техничарите му ја избришиле меморијата затоа што станала вулгарна! Прифатила некои лоши навики од Википедија. Во тестовите користел зборови како „срање“ како одговор на испитувачите!IBM суперкомпјутерот Ватсон, кој победи на сите човекови квизови, а кој е користен и како дијагностички компјутер, кој им помага на лекарите да ги идентификуваат болестите и пронаоѓањето на идеалните третмани, неодамна останал без еден од своите мемориски модули, по што почнал да пцуе.

IBM-Watson-superkompjuter-500x261
Кога IBM инжинерите го „полнеле“ Watson со информации – со помош на Wikipedia, како и други енциколопедии и од голем број на други извори – во неговата база на информации го вметнале и целиот „Urban dictionary“, страница посветена на модерниот жаргон и колоквијален говор, како би се разбрало човековото изразување.

Големата количина на информации на „Urban dictionary“ се всушност пцовки и навреди.
„Watson едноставно не можеше да разликува пристоен говор и простор, кој постојат во Urban dictionary“, изјавил еден од техничарите.
IBM научник задолжен за Watson, Ерик Браун, морал да развие филтер кој ќе го спречи Ватсон да користи вугарности во секојдневниот говор. Сите записи од Urban dictionary морале да ја избришат меморијата на Watson.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1