Две лица загинаа во страотна сообраќајна несреќа која се случи утринава на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на мостот кај село Колари.
Несреќата се случила утринава околу 10:30 часот кога се судриле комби и патничко возило „Форд-фиеста“, инфоормираат од МВР.
Двете лица кои биле во “Фордот”, маж и жена, вработени во Министерството за транспорт и врски, починале на самото место, додека возачот на комбето, минал со полесни повреди, а неговата сопруга која била на совозачко седиште, со скршеници е пренесена на скопски клиники.
Во тек е увид по кој треба да бидат познати детали за причините за несреќата.
Прес24