Како да запамтите 1000 телефонски броеви!


Техниката за паметење на броеви, која постои веќе 300 години, ја има усовршено Небојша Цветковиќ, студент на генерацијата на градежен факултет, денеска невработен. 

Telefonski-imenik1Небојша од Пирот ја усоврши единствената техника за паметење на телефонски броеви со помош на реченици и зборови, а до сега, како што тој тврди, успеал на овој начин да запамти повеќе од 1000 телефонски броеви.
На развојот на оваа техника, Цветковиќ работи уште од гимназиските денови, а дури пред две години објавил прирачник за сите оние кои што сакаат да ја совладаат неговата техника за паметење на броеви.

-Современиот човек секојдневно се наоѓа во ситуација дека треба да запамти некој број, било да е тоа телефонски, број на лична карта, датум на родендени или нешто друго. Токму оваа техника на секој човек му овозможува да запамти практично неограничен број на броеви, од едноцифрени и двоцифрени, до шестоцифрени и осмоцифрени.

Се работи за добра техника, со помош на која може да се запамтат и броеви на регистриски таблици и тоа истите да можат да ви останат засекогаш во меморијата.

nebojsa-cvetkovicЦветковиќ објаснува дека системот се базира на претворање на броевите во поими и на тој начин се меморира комбинацијата на броевите.
„Тој код постои можеби 300 години, но јас успеав да го усовршам до перфекција. Кај овој систем многу битен фактор е и имагинацијата.
Секогаш се паметат од лево кон десно. На пример бројот 425-681.

Асоцијацијата за првата група на броеви на основа на која е сместен во меморијата е нуркач. Во овој систем еквивалент за бројот 4 е буквата Н, за бројот 2 е буквата Р, додека за бројот 5 е буквата Ч. Овие три букви е лесно да бидат запаметени за зборот нуркач.

Другата група на броеви се памети со помош на зборот ќофте, затоа што во овој систем за бројот 6 еквивалент е буквата Ќ, 8 на буквата Ф и 1 на буквата Т. За да се запамти цел број, треба да си замислиме нуркач кој јаде ќофтиња. И така без никакви проблеми бројот на телефон ќе ни биде трајно мемориран.

Иако тој има околу 1000 телефонски броеви во глава, како што сам вели, оваа техника е до тој степен совршена, да практично може да се запаметат неограничен број на телефони.
Би било убаво кога ваквата техника би се учела во школите, затоа што децата можат лесно да ги паметат броевите, наместо да ги „бубаат“ на памет, нешто кон кое што не води никаде.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1