Видео: Експлозија во универзитет во Алепо додека полагале студентите


gather-scene-explosion-aleppoОсумдесет луѓе загинаа во експлозии во Универзитетот во Алепо во северниот дел од Сирија. Тоа го изјави гувернерот на Алепо, Мохамед Вахед Акад, јави ДПА. Во моментот на експлозијата во објектот студенти полагале испити.

Според болнички извори бројот на повредени е над 160.

Сириската телевизија за нападот ги обвини „терористите“.

Алепо е најголемиот град во северна Сирија и економски главен град на државата. Универзитетот се наоѓа во реон контролиран од режимот на Башар Асад.И покрај судирите, Универзитетот продолжи со работа во средината на октомври минатата година.

picture-released-syrian-newsuniversity-scene-aleppo-picture.n

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1