По 21 година судење, судот донесе пресуда во корист на работникот Радоман Муниќ (50) од Чачак. Тој мора да е вратен на работа на неговото старо работно место – медицински техничар во болницата во Чачак, од каде добил отказ во 1992 година.
Неговиот правен застапник изјави дека одлуката на Основниот суд во Чачак Милан да биде вратен на работа во болницата на Здравствениот центар, ја потврдил и надлежниот Апелационен суд.
-Спорот на Муниќ беше најдолг работен спор во Србија, сега ќе мора да му се уплати пензиски придонес за претходните 21 година, Муниќ, бара и оштета од пет милиони динари за изгубените плати.
Неговиот спор траел 21 година бидејќи судот неколкупати го губел предметот, па се почнувало одново и одново. Адвокатот сега може да си ги наплати трошоците од Здравствениот но само за последната година судење во износ од 125.000 динари, затоа што записниците од претходните судења се изгубени.
Муниќ работел како медицински техничар во болницата кога го отпуштиле поради наводно неисполнување на работните обврски. Но болницата немала докази за тоа, ниту пак до судот ги доставиле документите кои им биле побарани за наводна дисциплинска постапка покрената против вработениот. сега по 21 година правдата ја дочека Муниќ кои вели овие години не му биле лесни. неможел да најде работа, а работел се и сешто за да преживее. Препродавал автомобили, работел и во продавнички, се на се тешко заработена корка леб, вели.
според законот сега болницата треба да му исплати се за овие 21 година откако му го дала нелегалниот отказ.