Рокот за пријавување данок на имот е до 31 јануари


Сите правни и физички лица кои имаат непријавен  недвижен имот или извршиле промена на сопственост на имотот, истата можат да ја пријават до 31 овој месец, согласно со член 29 од Законот за даноци на имот, известува Град Скопје.

Numerology_Money-1Пријавувањето на недвижниот имот или промената на сопственост на имотот може да се изврши во Град Скопје, барака број 16, Сектор за финансиски прашања.

Заедно со пријавата треба да се достават копија од имотен лист или купопродажен договор, или наследно решение, договор за подарок (правниот основ со кој се врши стекнувањето или промената на имотот) и лична карта на увид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1