Зврлевски ќе е новиот јавен обвинител


Досегашниот прв човек на скопското обвинителство, Марко Зврлевски, ќе го замени Љупчо Шврговски на функцијата државен јавен обвинител.
Вака одлучила Владата на својата последна седница и материјалот со името на  Зврлевски веќе е стигнат во Собранието.

zvrlevski

Зврлевски бил единствениот кандидат што се пријавил на огласот, а пред да се пријави, позитивно мислење до Владата доставил Советот на јавни обвинители.
„Неговото искуство во предметната работа е значајно пред се затоа што ја познава кривично правната материја, ги познава сите аспекти на организираниот криминал, како и организаторските спсобности што ги поседува даваат за право да ја обавува функцијата Јавен обвинител на Република Македонија“, стои во мислењето на Советот.
На Зврлевски еден од позначајните предмети му беше случајот со тутунскиот бос Бајруш Сејдиу.
Целиот професионален бекграунд на Зврлевски од 20-ина и повеќе години е поврзан со Обвинителството. Почнал како стручен соработник, а од април 2000 година е постојано во Обвинителството. Од 2005 до 2009 година работеше во Обвинителството за организиран криминал, каде што беше прв заменик на актуелниот прв човек, Јован Илиевски.Зврлевски ќе биде петтиот државен јавен обвинител од донесувањето на новата законска рамка во поновата македонска плурална историја, почнувајќи од Стеван Павлески, Ставре Џиков, Александар Прчевски и Љупчо Шврговски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1