Апел од читателка: Од толку криминалци, им засмета еден мал човек, чичко Драги


Писмо од читателка – зарем од сите криминалци им пречеше чичко Драги ви го пренесуваме во целост. 

Сакам за жал да го изразам својот револт спрема, да не бидам политички сфатена државата, установите, законите, неетичкото однесување или не знам веќе што се. Револтот мој е насочен на една тажна животна приказна која секој од нас ја носи, но сепак оваа приказна се разликува од многу нас.

cicko dragiВчера во попладневните часови беше повикана полиција и шинтери на една индивидуа која е толку присутна во нашите животи, а сепак толку незабележлива. Верувам дека секој од вас кој го видел го одминал и заборавил, а го одминуваат веќе 30 години.

Се работи за чичко Драги кој со децении стои на едно исто место. Постарата генерација го памти по тезгата која на времето имаше најголем асортиман на шнолички, штипки за коса и секакакви додатоци каде што никаде не се наоѓаа.

Е, тој чичко Драги кој со децении стои до МекДоналдс на самиот премин.. . се сеќавате, нели.

Чичко Драги нема драги мои ништо… сега има само 2-3 пакетчиња паломи, весници и животни кои му се живот. Живее во трошна куќа, без топлина, без семејство и без корка леб. Живее од 10 денари дневно и милостина која ќе му биде подадена. Живее со бездомни кучиња кои му се радост и живот. Животни кои се толку питоми и послушни и со кои ја дели секоја корка леб.

До тие паломи и по некое весниче седеше и една кутија за донации на Анима Мунди во која граѓаните можеа да донираат за животните. Таа милостина беше наменета за чичко Драги и неговите животни.

Револтот ми е што на најсуров начин беше буквално нападнат од полицијата и шинтерите на нечија дојава на граѓанин кој изгледа нема попаметна работа во животот. Чичко Драги трчал и криел куче по куче за да не заврши во Вардариште, место кој ни на најголем душман не би му го посакале.

Чичко Драги заработи казна од 6,000 денари и целата трошна стока заедно со кутијата за донации му беше одземена. Остана без ништо. Да, ќе речете како и секој ден… ама казнет затоа што спасувал животи? Или заработува за корка леб? Од толку криминалци кои се шетаат слободно и прават страшни малверзации им засмета еден толку мал човек.

Среќни сме што кога си одиме дома влегуваме на топло, имаме топол ручек, имаме фамилија со која разговараме и работа на која се посветуваме.

Апел до сите вас кои најдовте време ова да го прочитате.
Доколку ви се наоѓа во ова кризно место работа како чувар или било што што би можел чичко Драги да го работи, доколку имате вишок 10-20-30-40-50 денари да се донира, да се пријави во институција некоја, новинарска куќа, ТВ станица како што се собира за сите да се собере и доброволен прилог за него би ви била бескрајно благодарна.

Можеби сум себична што најдов време за него да пишам, никој не треба да се остави без внимание, на никој не му е сјајно… меѓутоа ова е чичко Драги, присутен во јавноста веќе 30 години…

Повеќе инфо на фејсбук страната на Анима Мунди – ЛИНК / ЛИНК2

Бриф.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1